Земјотрес го стресе Скопје

 

Српски земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, синоќа ги стресе Скопје и Куманово.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово информира дека земјотресот е почувствуван во 20 часот и 17 минути во североисточниот дел од државата.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 60 километри североисточно од Македонија, во соседна Србија со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала.

03.03.2014 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега