Штип: Доделени клучевите од становите на 91 семејство од социјално ранливите категории

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска во штипската населба „Сењак“ ги додели клучевите од становите на 91 семејство од социјално ранливите категории.

- Станови се градат во Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе,  Куманово, Струмица и други градови. Денес 91 семејство ги добија клучевите од становите. Знам дека долго го чекавте овој момент, но знаете дека мора да се почитува Законот. Во Битола се уште не се доделени клучевите затоа што постои спор за уште еден стан, но Законот мора да се почитува. Еве дојде и тој ден, денес сите вие да добиете кров над глава, и со ова решавате многу важен егзистенцијален проблем. Нека ви е честито и да се радувате со вашите најблиски, рече Јанакиески.

Градоначалникот на Штип, Захариев, денеска истакна дека очекува станарите да се грижат за своите станови, но и за самиот објект. Според него, ова е голем и радосен ден за 91 семејство од Штип кои што конечно добија свои домови.

01.03.2014 - 12:52
Фото: 
влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега