Рози ќе цветаат на Денот на пролетта во Македонија

 

ќМинистерството за здрава животна средина ќе го одбележи  21 март-Денот на пролетта со националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“.

Во соработка со општините, бизнис заедницата и невладиниот сектор масовно ќе се засадуваат садници на рози низ урбаните центри на територијата на цела Македонија, по должината на булеварите, сообраќајниците и другите јавни зелени површини.

- Оваа иницијатива се темели на резултатите на студијата „Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје“, спроведена од група професори во 2002 година. Во цветот на розата се апсорбираат големи количества на тешки метали, олово и цинк од водата, воздухот и почвите, кои се штетни по човековото здравје. Климата во Македонија е погодна за одгледување на ова цвеќе, па оттука Министерството ја постави целта да засади што е можно повеќе рози, рече денеска на прес-конференција државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.

Акцијата е продолжение на минатогодишната кампања „Скопје град на цвеќето, град на белата роза“, кога беа засадени 23.000 рози по булеварите во главниот град. Годинава со одлука на Владата се проширува низ сите градови во Македонија.

Покрај масовното засадување на 21 март, планирани се и други активности за мотивирање на граѓаните да се вклучат во акцијата.

 

 

28.02.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега