Албанската Централна банка уште еднаш ја намали основната каматна стапка

 

Албанската Централна банка jа намали основната каматна стапка за 0,25 отсто. Како што изјави гувернерот Ардиан Фулани се носи поради фактот што економската состојба во земјата е повеќе од лоша.

За исто толкав процент основната каматна стапка беше намалена пред неполни два месеца, во обид потикнување на албанската економија.

Со последното намалување, моментно основната каматна стапка изнесува 2,75 отсто што претставува историски рекорд. Се очекува одлуката да биде спроведена со намалување на каматните стапки на новите кредити и депозити во националната валута.

Фулани рече дека инфлацијата за месец јануари годинава изнесува 1,7отсто и бележи благо намалување споредено со претходниот месец. Слабиот економски амбиент во Албанија,оценува Централна банка е последица на падот на потрошувачката и приватните инвестиции. Гувернерот Фулани, најави дека утре ќе биде финализиран договорот со ММФ за кредитот во износ од 300 милиони евра.

27.02.2014 - 17:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега