Попоски се сретна со Лајчак
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, оствари еднодневна официјална посета на Словачката Република, на покана на словачкиот заменик премиер и министер за надворешни и европски работи, Мирослав Лајчак.
Попоски и Лајчак се осврнаа на можностите за натамошно унапредување на односите и соработката меѓу Македонија и Словачка со посебен фокус на економската соработка.
По средбата следеше заедничка прес-конференција, на која министерот Лајчак давајќи поддршка на Македонија во евроинтегративните процеси, изјави дека земјата во своите напори за интегрирање во ЕУ, доби пет препораки од Европската комисија за започнување на преговорите, констатираше дека Европскиот Совет сеуште не ги валидираше тие препораки и веќе тоа претставува своевиден предизвик, кој треба да се надмине.
Поддршката на Словачка за членство на Македонија во НАТО и ЕУ е од големо значење, изјави Попоски.
Исто така, се наведува, “Македонија гледа на Вишеградската група како на еден успешен пример за соработка, кој би требало да послужи како модел за соработка и во нашиот регион со цел надминување на предрасудите”, истакна министерот Попоски додавајќи дека „со или без блокадата на јужниот сосед Македонија ќе продолжи да работи на реформскиот курс за доброто на своите граѓани.
Министерот Никола Попоски за време на посетата имаше средби и со претседателите на комисиите за надворешни работи и за европски прашања, Франтишек Шебеј и Лубош Блаха во Словачкиот Парламент. Воедно, тој имаше предавање во Словачкото здружение за надворешна политика, на тема “Република Македонија на патот кон ЕУ“, каде што, меѓудругото, посочи дека образованието е клучно за надминување на негативните перцепции и подобра интеграција на заедниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа