Нови 21 милион евра преку ИПА Програмата меѓу Македонија и Бугарија
Невладиниот сектор, општините од источниот регион, универзитетот, информативните центри, денеска се информираа за стартот на ИПА програмата за прекугранична соработка 2014-2020. Координаторот на заедничкиот технички секретаријат на Македонија и Бугарија, Николај Дачев вели дека преку средбите сакаат да ги утврдат приоритетите, но и да го слушнат мислењето на сите кои досега учествувале или сакаат да учествуваат во проектите за кои пари се добива преку фондовите ан Европската унија.
Од повиците од програмата 2007-2013 година досега се искоростени над 7 милиони евра, но овие пари ќе се зголемуваат во текот на наредните месеци, бидејќи во тек е реализацијата на проектите од вториот и третиот повик. Најмногу инфраструктурни проекти бараат општините, а невладините конкурираат за меките проекти. По средбите ќе се одлучи на кои четири сфери ќе им се даде приоритет за наредната програма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа