„Коха диторе“: Изборите во Србија ќе се одржат и во Косово по моделот од 2012

 

Приштинскиот весник „Коха диторе“, повикувајќи се на неименувани извори објави дека парламентарните избори во Србија на 16 март ќе бидат одржани и во Косово и тоа по моделот од 2012 година.

Според информациите објавени во весникот ОБСЕ ќе отвори 90 гласачки места за околу 36.000 гласачи од српска националност.

За Приштина е важно изборите во Косово да не ги организира Белград, а прифаќа која било улога на ОБСЕ, изјави извор за „Коха диторе“.

 

Косовски претставници засега не ја потврдуваат, ниту ја отфрлуваат оваа информација, додава весникот.

27.02.2014 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега