Огромен дел од дијаспората со поддршка за претседателот Иванов
Поддршка за актиелниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, пристигнува и од македонската дијаспора. Според информациите до кои дојде Курир, над 20 организации и еминентни личности од дијаспората се приклучија кон иницијативата за поддршка на Иванов во трката за втор претседателски мандат.
Македонска дијаспора од Утрехт (Холандија), Македонска Дијаспора од Гетеборг (Шведска), Македонска Дијаспора од Босна и Херцеговина, Македонска Дијаспора од Швајцарија, Членови на Македонската Заедница во Србија, како и Членови на Македонска бизнис асоцијација од Канада, како и Џими Шмагранов - Претседател на oрганизација "Обединети Македонци" од Канада, Ѓорѓи Михајлов - Претседател на Австралиско-Македонска Стопанска Комора, Др. Зоран Бечваровски - Претседател на "Македонско-Австралиско Здружени на Доктори"(AMMSOC), Борче Величковски - Претседател на Националниот Совет на Македонците во Србија, Диана Штерјовска - Директор на "Македонска Добротворна Организација" од Мелбурн, Австралија , Андон Дончевски - Спортски работник и прв селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Николас Мичковски - Советник во Општината Рокдеил, Австралија, даваат поддршка за македонскиот претседател.
Никола Ѓургај - Претседател на Македонско Друшто "Илинден" - Тирана, Роберт Петрески од Црковна Општина Св. Наум Охридски во Виена, Австрија, Виолета Матијевиќ - Претседател на МКД Кочо Рацин од Копер, Словенија, Проф. Др. Валентина Нестор - Лектор по Македонски Јазик при Факултетот за Странски Јазици од Тирана, Албанија, Маја Доневска Ивановска - Претседател на на друштво на писатели "Браќа Миладиновци" од Торонто, Канада, Блага Петреска - Претседател на Хуманитарно здружение "Надеж" од Мелбурн, Австралија ,Стефан Костофф - Претседал на компанијата " Green Business" од Аделајде, Австралија, се приклучиле кон оние кои даваат поддршка за Иванов.
И Петар Ристевски - Советник во Општината Ливерпул, Австралија, Гоце Ристовски - Директор на компанијата "DTM Global Group" од Мелбурн, Австралија, Др. Сузана Котевска - гинеколог од Мелбурн, Австралија и Зоран Баулоски - Сопственик и уредник на Македонско-Американски Неделник, од Њу Џерси, САД, се дел од оние кои даваат поддршка во трката за втор претседателски мандат на Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа