Нова програма за поголем квалитет на туристичките водичи

 

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска на прес-конференција информираше дека наставната програма за стручен испит за  туристички водич е ревидирана и значително унапредена за да се подигне квалитетот на оваа професија во Македонија. Програмата ја утврдија Министерството за образование и наука, двата државни факултета за турзиам, во Охрид и во Штип, Стопанската комора на Македонија и Здружението на туристичките водичи.

- Крајниот интерес и бенефит ќе го има Република Македонија затоа што развојот на туризмот се повеќе е приоритет на Владата и зашто имаме континуиран пораст на туризмот во земјава... Досега беше индивидуално. Се запишуваа на факултетите, но малку од нив работеа како туристички водичи. Не постоеја критериуми и во детали разработени процедури за нивно лиценцирање, рече Ристовски, најавувајќи ги новините за професионализација на туристичките водичи.

Утврдено е обуката да опфаќа  610 часа од по 60 минути, дефиниран е бројот на часови за секој одделен предмет, методите, демонстрација, контрола од инструктор, услови за пријавување на кандидатите, цената, сертификатот и легитамацијата за туристички водич итн.. За да добијат лиценца, туристичките водичи ќе треба да полагаат и практичен дел, а не само теорија како што беше досега. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на водење група туристи и кандидатот ќе го полага најмалку 75 дена по неговото пријавување за обука на факултетот. Полага пред комисија, на јазик по свој избор – може на македонски или на кој било светски јазик.

Унифицирана е и цената што треба да ја уплати кандидатот за туристички водич и таа ќе биде 15.000 денари. Досега за цената одлучуваше самиот факултет. Првиот уписен рок ќе биде во јуни, а вториот, веројатно, во октомври. 

27.02.2014 - 11:54
Фото: 
влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега