Кои биле последните зборови на Тито пред неговата смрт?

 

Работејќи од 1960 до 1966 во американската амбасада во Белград, Робертс имаше прилика да ги прати случувањата во поранешна Југославија, и неколкупати да  разговара со Тито, па открива детали кои досега не и биле познати на јавноста.

Така на пример тој даде ретроспектива на посетата од 1965 година кога Аверел Хариман и пратеникот  на САД Линдон Џонсон дојдоа во посета на Југославија.

На Тито не му била многу драга оваа посета но со тек на време тој успеал да најде заеднички јазик со Хариман па се сретнале уште неколку пати. Робертс пишува дека вереницата на Хариман, Памела Черчил му ја доверила тајната која Тито наводно им ја открил непосредно пред неговата смрт, дека тој знае и е свесен дека Југославија ќе се распадне по неговата смрт.

Робертс во својата книга од 1973 “Тито, Михајловиќ и сојузниците” која доби награда за најдобра книга на оваа тема пишува дека Титовото незадоволство предизвика објавување на информации дека партизаните во 1943 година имале  тајна средба со германската врховна команда.

„Долги години Тито и неговите сојузници го обвинуваа генералот Михајловиќ за "преговори" со Германците, па дури и го погубија како предавник во 1946 година. Вложија големи напори да ја прикријат партизанско- германската средба и моето откритие доведе до книгата да биде забранета во Југославија” стои во книгата на Робертс.

Заокружувајќи ја приказната за Тито, робертс потсетува дека неговиот погреб бил најголем погреб во историјата каде биле присутни четири крала, шест принцови, триесет и еден претседател, дваесет и двајца премиери и четириесет и седум министри од различни земји. 

27.02.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега