Апсење за кражбата во Музејот: „Паѓаат“ и директори
Голема акција за расчистување на кражбата во Музејот на Македонија во моментов е во тек, дознава Пресс24 од извори во истрагата. Според првичните информации, осомничени и приведени се актуелниот директор на установата како и еден поранешен директор во чие време дошло до исчезнување на вредни предмети.
Неофицијално се дознава дека осомничени се вкупно 9 лица.
Истрагата на полицијата беше темелна и долга. Се констатираше дека недостасувааат 166 вредни предмети од културно истриски значење. Истрагата поажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица од внатре.
Деталис е очекуваат подоцна во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа