Еден куп сообраќајки и еден куп повредени - се пролеа крв на скопските улици

 

Во текот на вчерашниот дена се случиле 13 сообраќајни несреќи во Скопје. Од нив, една е со потешки последици, а во шест полесно се повредени седум лица. Шест сообраќајки се со материјална штета. 

Во Скопје се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера казнила 11 возачи кои возеле со истечена дозвола, седум без возачка дозвола, додека 13 возачи не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилниот телефон додека возеле. Казни заработиле и двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, осум возачи коине го почитувале ограничувањето на брзината на движење и двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 78 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Лиман Каба“ и во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кои се наоѓаат во општина Бутел.

За денеска има најавено еден вонреден настан, односно по повод доделувањето на наградата „Автомобил на годината“ за 2014 година од 19:30 до 21:30 часот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ на потегот од Мултимедијалниот центар до крстосницата со ул. „Герман“ сообраќајот ќе биде пренасочен на дел од десната сообраќајна лента во насока на движење во правецот од Капиштец спрема Кисела Вода. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа манифестација од страна на сообраќајната полиција во зависност од моменталните состојби ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

26.02.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега