Владина делегација ќе положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
Владина делегација, по повод одбележувањето на 10 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, денеска ќе положи свежо цвеќе на гробот на загинатиот претседател во Алејата на великаните, на Градските гробишта во Бутел.
Во состав на делегацијата се вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
26.02.2014 - 10:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа