ЕКСКЛУЗИВНО: СДСМ вечерва одлучи - еве кој ќе биде нивниот кандидат за претседател
Стево Пендаровски ќе биде кандидатот за Претседател на СДСМ, дознава Press24 од сигурни високи партиски извори на Бихаќка. Според нашите информации, одлуката паднала денеска на Извршниотодбор на партијата, што значи дека Конгресот кој СДСМ го закажа за 4 март станува само чиста формалност.
Името на Пендаровски и претходно се вртеше во медиумите.
Тој на 13 април ќе се соочи со граѓаните во првиот круг на претседатлските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ според последниот развој на настаните, противкандидат се очекува да му биде актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој денееска го потврди своето учество ан Конвенцијата која најголемата партија ќе ја одржи на 1 март.
Кандидат извесно е дека ќе имаат и „громовц“ на Стевчо Јакимовски. Зоран Поповски од ГРОМ веќе и ги обезбеди потребните 10.000 потписи. Исто толку ќе му требаат и на кандидатот на ДПА откако партијата го потврди своето учество на изборите. Неизвесно е учесвото на Стојанче Ангелов и Билјана Ванковска кои имаат проблеми да ги соберат неопходните потписи. Неизвесно е и во Мала Речица. ДУИ се уште е заглавена на идејата за консензуален претседател
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа