Во ноември сме потрошиле повеќе струја
Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29,5 отсто, а бруто-домашното производство со 70,5 проценти.
Во ноември 2013 година вкупно се увезени 21.459 милиони нормални метри кубни природен гас, што е за 64,6 отсто повеќе во однос на увозот во истиот период од претходната година.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84,5 отсто, додека финалната потрошувачка со 15,5 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа