Иванов: Чест ми ја да ја прифатам иницијативата и ќе поднесам кандидатура

 

Со чест и со задоволство, имајќи ги предвид сите предизвици, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата и дека ќе ја поднесам кандидатурата на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска го истакна актуелниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста, во кое ја официјализираше неговата одлука, да ја прифати инициативата поднесена од група интелектуалци и да се кандидира за втор мандат за претседател на државата.

Имајќи ја предвид обврската која ја имам кон граѓаните, свесен колкави се нивните очекувања и чест ми е да бидам со мојот народ, истакна Иванов.

Иницијативата ја потпишаа над 50-тина интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници и од спортисти, како и повеќе високи функционери од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го објави и списокот на сите делегати за претстојната Конвенција. Во согласност со одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата, вкупниотброј на делегатите е 1.300.

Рокот за пријавување кандидати за претседател е до среда до 20 часот. Досега до партијата се пристигнати кандидатурата од професорот Јове Кекеновски и иницијативата за кандидирање на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Според предложениот Деловник за работа на Конвенцијата, ќе се спроведе тајно, демократско и непосредно гласање на делегатите. За избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата ќе биде оној кој во првиот круг на гласање добил најмногу гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број на гласови во првиот круг на гласање, ќе се спроведе и втор круг меѓу двајца кандидати кои добиле најголем број на гласови во првиот круг од гласањето. 

25.02.2014 - 13:30
Фото: 
А1Он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега