Претседателот Иванов во 13 часот официјално ќе ја соопшти својата одлука
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во 13 часот ќе ја соопшти својата одлука по иницијативата за негова нова кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од Кабинетот на Водно.
Како што веќе објави Press24 се очекува Претседателот да ја прифати иницијативата и да влезе во трката за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори на партиската Конвенција која ќе се одржи на 1 март.
25.02.2014 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа