Уапсен скопски бизнисмен: УЈП го фати во лага “тешка“ над еден милион евра

 

Управата за финансиска полиција го уапси 39 годишниот скопски бизнисмен С.Ѓ., поради основано сомнение дека сторил финанскиски криминал од 1.107.000 евра.

Управителот и сопственик на ДПТУ ЕКО САРА ДС ДООЕЛ од Скопје, информираат од Управата за финансиска полиција, со помош на второпријавената, овластената сметководителка Р.Р.(58), во периодот од 1. јануари 2008 година до 31. декември 2012 година, до УЈП поднесувал даночни пријави со лажни информации, се со цел да оствари неоснован поврат на ДДВ и да не плати персонален данок на доход и данок на добивка.

- Кривичното дело е сторено на начин што подолг временски период, бизнисменот потпомогнат од неговата овластена сметководителка, при набавка на секундарни суровини-отпад од физички лица, прикажувал влезно ДДВ, иако бил свесен дека е забрането. За да се стекне со поголема материјална корист, првопријавениот го фалсификувал и износот на излезното ДДВ. Со своите криминални активности го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 1.107.000 евра, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Поради тежината на кривичното дело и износот на штетата, на С.Ѓ. му била изречена мерка притвор од 30 дена, додека на неговата сметководителка и била одземена патната исправа, пуштена е да се брани од слобода со обврска за редвно пријавување во полициска станица.

25.02.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега