Втора фаза на проектот „Скопје - град без насилство“
Превентивно-едукативниот проект за спречување на насилството кој стартуваше од oпштина Кисела Вода кон крајот на ноември, влегува во втората фаза. Во насока на спречување на криминалот, девијантното однесување и насилството помеѓу младите и развивање на толеранцијата и меѓусебното разбирање, започнуваат едукативни предавања и трибини и во општина Кисела Вода и во општина Сопиште.
Во дебатите учествуваат ученици, родители и наставници, се детектирааат причините за насилничко однесување, се врши класификација на прекршоците и кривичните дела и санкциите кои произлегуваат од ваквите прекршоци. Претходно, постери со испишани пораки против насилството, беа поставени на автобуски постојки и во автобусите.
- “Скопје-град без насилство “е инициран, изработен и се реализира од страна на ПСОН Кисела Вода на подрачјето на општините Кисела Вода и Сопиште, а е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и ЈСП – Скопје. Тенденцијата е тој да се рашири на целото подрачје на град Скопје и да даде позитивни резултати во правилната едукација малолетната популација од аспект на нивна правилна едукација за последиците од девијантното однесување, информираат од Општина Кисела Вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа