И Египќаните со поддршка за втор мандат на Иванов
Нво Коалицијата nа Египќаните изразија поддршка на иницијативата за уште еден мандат на актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
- Делегација на преставници на етничката заедница на Египќаните во Р.Македонија, во текот на мандатот на Претседателот на Р.Македонија , проф доктор Ѓорге Иванов, дури на два пати, беа примени од негова страна. Тоа , за нас Египканите преставува историска димензија, бидејки во многу наврати, иако инициравме средби со највисоките државни органи, бевме игнорирани, што не беше случај со проф др Горге Иванов, како Претседател на Р.Македонија, стои во соопштението на НВО Коалиција на Египќаните.
Започнатите процеси и искрените подршки, кои ни ги даде, и во двете средби, ни дава за право, но и обврска, да ја подржиме ова иницијатива, а се со цел да продолжи континуитетот на споведување на интегрирачките процеси на Египќаните, кои претседателот , проф Др Горги Иванов, силно ги подржува, истакнуваат од НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ,потенцирајќи дека се во иста корелација и со градоначалникот на Охрид, др Никола Бакрачески, кој исто така ја подржа оваа иницијатива, се вели во писмената поддршка од Коалицијата на Египќаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа