Јакимовски: Секташи ми ги крадат цвеќињата
По завршените обреди и пеење, членови на верска секта се впуштаат во кражба на цвеќиња, тврди Јакимовски откако пред 2 дена на дело беа фатени граѓани кои крадеа цвеќиња од јавното зеленило кај трговскиот центар Лептокарија.
-Се собираат во стан во Kарпош 4, кој е изнајмен од страна на една госпоѓа со американско државјанство, која им е пасторка, односно, раководи со сектата. Станарите од зградата велат дека по завршувањето на обредот и пеењето, тие со комбе атакуваат на цветните површини, вели Јакимовски, пренесува Дневник.
Градоначалникот тврди дека тој лично фатил на дело еден од крадците на цвеќиња.
-Беа откорнати 7-8 цвеќиња. Тој беше со комбе и кога го отвори во него најдовме многу цвеќиња. Веднаш беше повикана полицијата, вели Јакимовски.
Од Секторот за заштита на животната средина и природата во општината Карпош, велат дека тие редовно работат на уредување и разубавување на зелените површини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа