Јанкулоска на средба со полициите од Западен Балкан и ЕУ

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во центарот за обука во Идризово ќе присуствува на отворањето на работната средба на претставници на полициите на земјите од Западен Балкан и од ЕУ посветена на иницијативата на македонската полиција за  формирање експертска група на земјите од западен Балкан за справување со нелегалната трговија со оружје.

На средбата, на која што ќе присуствуваат и Јавниот обвинител Марко Зврлевски, како и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавко, предивдено е министерката Јанкулоска да има свое поздравно обраќање. 

25.02.2014 - 08:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега