Педесет и девет жени желни да пилотираат со хеликоптерот на МВР
Вкупно 466 кандидати се пријавиле на конкурсот на Министерството за внатрешни работи за прием на извршители во хеликоптерската единица. Двеста седумдесет и седум пријавата ја поднеле по електронски пат, а од вкупниот број од нив 59 се жени.
Во наредниот период, се појаснува во соопштението, ќе отпочне фазата на селекцијата на кандидатите кои ќе бидат повикувани заради тестирање на нивните способности. Најпрво ќе следи фазата на административна селекција, потоа проверка на моторичките способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англискиот јазик и на крајот лично интервју.
МВР ги повикува сите кандидати што конкурирале на овој конкурс да ја одржуваат својата психо-физичка подготвеност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа