Инцидент на кавадаречкиот полумаратон: Не запрел на даден знак од полицијата, па со возилото влетал на манифестацијата

 


Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, вчера во 12:40 часот го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член  297 - А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што соопшти денеска МВР, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.

М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

10.03.2025 - 14:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега