Таравари: Модуларните болници ќе се пренаменуваат во амбуланти
Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.
-По тоа што се случи во Тетово со пожарот во Модуларната болница, апсолутно тие болници не смееме да ги користиме бидејќи знаете како завршија 15-16 пациенти во Модуларната болница во Тетово. Не смееме ни да размислуваме за користење на тие времени објекти како болници, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.
В.д. директорот на Велешката општа болница Александар Бузалков информира дека засега не размислувале за пренамена на Модуларната болница во Велес. Дподаде дека таа е тука, како имот, се грижат за неа постојано да биде исправна, да не се оштетува и рече дека понатаму ќе и се најде нова намена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа