Брза реакција: За 10 минути фатен крадец на нафта од ХЕЦ „Маврово“
Вчера во 19.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека со употреба на сила, од резервоарот на механизацијата во ХЕЦ „Маврово“ била одземена нафта.
По преземени мерки, во 19.20 часот на регионален пат во Маврови Анови, на место викано „Улазна“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.З.(56) од гостиварски Вруток, при што била пронајдена одземената нафтата и други предмети.
А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
10.03.2025 - 16:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа