Анкета: Утре би победиле на избори - ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со најголема доверба кај граѓаните
Во периодот помеѓу 16 и 19 Февруари 2014 година Институтот Павел Шатев спровел телефонска анкета на 1450 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон политичките партии и нивните лидери во Република Македонија. Во истражувањето кое биле спроведено на ниво на Република Македонија, биле опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но била направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
Анкетата покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски се уште уживаат најголема доверба кај граѓаните.
Според анкетата, доколку изборите се одржат утре, за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 25,8 отсто, додека за опозициската СДСМ би гласале 15,3 отсто од граѓаните.
Актуелниот премиер Никола Груевски ужива доверба кај 26,4 отсто од граѓаните. Во Зоран Заев и Радмила Шекеринска имаат доверба 7,4 % односно 1,3 % од граѓаните, додека Бранко Црвенковски ужива доверба кај само 1,4 отсто од граѓаните.
Погледнете ги резултатите од анкетата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа