Дарко Мијалковски и Оливер Арсовски застанаа на чело на „Макфест“
Aвторот и водител на детскиот фестивал „Суперѕвезда“, Дарко Мијалковски е новиот директор на фестивалот на забавна музика „Макфест". Нов уметнички директор е виолинистот и екс-директор на МОБ Оливер Арсовски, додека технички директор е Трајче Јованов, новинар во Радио Штип.
-Раководните лица на 'Макфест' веќе се одбрани. Заедно со тимот од Општината и со несебична поддршка од Владата и од Министерството за култура, ќе направиме многу подобар фестивал од досега. 'Макфест' и понатаму ќе се грижи за македонската музика. Општина Штип максимално ќе се вложи во организацијата на фестивалот", вели градоначалникот Илчо Захариев, пренесува Вест.
Фестивалот „Макфест“ ќе претрпи неколку промени. Наместо во октомври, оваа година ќе се одржи на крајот од мај. Новина е и тоа што првата награда годинава ќе изнесува 20.000 евра, втората 15.000 евра, а третата 10.000 евра. Фестивалот оваа година ќе се одржи целосно во живо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа