Самак денеска во Кочани
Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, денеска ќе оствари работна посета на општина Кочани, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината Ратко Димитровски.
При посетата, министерот Самак ќе се запознае со плановите на општината за привлекување на нови странски инвестиции и ќе изврши увид на тековните активности за реализација на веќе отпочнатите проекти.
Министерот Самак ќе ја посети и локацијата на која мултинационална холандска компанија веќе ги отпочна активностите за изградба на индустриски капацитет со најсовремена технологија за производство на украсно цвеќе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа