Плакати низ цела Битола: „Почина Томе Аџиев“

 

Во Битола денеска осамнаа плакати дека починал претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, пишува Нова Македонија.

 

Според весникот, додека битолчани шпекулирале околу причините за наводната смрт, ТОме Аџиев пиел кафе во битолската чаршија. Жив и здрав. Тој не сакал да ја коментира лажната вест која многу бргу се рашири низ градот.

Од полицијата засега не коментираат за тоа кој ја измислил информацијата за смртта на првиот лустратор, но, велат дека истрагата е во тек.

22.02.2014 - 11:23
Фото: 
makdenes

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега