Жерновски ја почнува ревизијата на "Скопје 2014"

 

Денеска напладне градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ќе одржи прес-конференција на која ќе го објави почетокот на ревизијата на проектот "Скопје 2014", информираат од Општина Центар.

 Жерновски уште за време на кампањата најави дека ревизори ќе ги чешлаат договорите за спомениците од "Скопје 2014" кои биле склучени кога на чело на општина Центар беше Владимир Тодоровиќ.

Инаку, веднаш по победата на Жерновски, министерката за култура Канческа-Милевска и Тодоровиќ излегоа на детален отчет во јавноста за Скопје 2014. Тие истакнаа дека проектот ни одблизу не чинел колку што тврди опозицијата, објаснувајќи дека Скопје 2014 отвори работни места, внесе приходи од туризмот и ја исполни историската обврска кон македонските херои. 

најчитано сега