Ова е вистинска љубов- починале во болница држејќи се за раце
Трогателна фотографија која го обиколи целиот свет и приказна која добре до милион срца. Флорин и Ед Хејл биле во брак цели 60 години, а летово со голема прослава го одбележале овој јубилеј.
Нивната голема љубов ја крунисале со брак во 1953 година, а оттогаш биле неразделни во текот на овие шест децении, па така останало и на смртната постела.
На 7 февруари, по краток престој во болница, 82-годишната Флорин починала држејќи се за раце со својот сопруг.
Само неколку часа подоцна и 83-годишниот Ед и се придружил на саканата и го напуштил овој свет.
21.02.2014 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа