ВИДЕО: Предвреме почна да се радува на олимписки медеал, но ...
На вчерашната тркана 15 километри биатлон, Норвежанецот Емил Свендсен за малку ќе станеше најголем трагичар во Сочи.
Имено Свендсен приближувајќи се на само неколку метри од целта, започна да го слави олимпиското злато не забележувајќи дека Французинот Мартин Форкад е зад неговиот грб.
Сепак, фотофинишот покажа дека Французинот за милиметар не успеа да го „украде“ златото, а Свендсен свати дека не треба да се слави пред време.
19.02.2014 - 22:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа