Фудблаерите од ПМФЛ со мининалец од 200 евра
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на својата последна седница донесе одлука со која утврди минималната плата за играчите во Првата македонска фудбалска лига да изнесува 200 евра. Ваквата одлука на УО на ФФМ ја поддржа и Синдикатот на фудбалерите во Македонија на чело со претседателот Панче Ќумбев.
Втора значајна одлука која ја донесе УО на ФФМ е дека за една екипа можат да настапат осуммина странци наместо досегашното правило кое дозволуваше во записник да се најдат петмина странци.
Екипата која ќе регистрира повеќе од четворица странци ќе мора да плати и соодветна такса. Така, за петтиот фудбалер клубот ќе плати такса за регистрација во износ од пет илјади евра, за шестиот во износ од 7.500 евра, за седмиот 10 илјади евра, а за осмиот фудбалер такса за регистрација во износ од 15.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа