При расправија му удрила шлаканица на сопругот па синот ја фрлил од прозорецот
Шеесет и петгодишна жена е потешко повредена откако после семејна расправија, под неразјаснети околности е фрлена низ прозорец.
Жената се здобила со повреди на главата, челото, градниот кош и бутната коска, при што во тешка состојба е згрижена во Урегентниот центар во Белград.
Инцидентот се случил рано утрово околу 4 часот во Париската улица во Белград во близина на Соборната црква откако после бурната расправа Оливера на сопругот му удрила шлаканица, по што синот ја зел и ја фрлил низ прозорец..
Жената ја спасило дрвото врз кое паднала, а полицијата ја повикале соседите кога ја видела несреќната жена како виси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа