ФОТО: СДСМ стои зад денешниот протест на стечајците
Денешниот таканаречен мирен протест на група граѓани кои себеси се нарекуваат стечајци во најголем број беше составен од луѓе дојдени од Куманово и Струмица.
Токму овие две општини се општините кои опозициската СДСМ ги користи секогаш кога треба да се организираат некакви протести какви што беа денешните.
Помеѓу присутните граѓани беа забележани постари активисти на СДСМ од Куманово и Струмица. Не може, а да не се забележи дека и овие граѓани се носени со автобуси на превозници од овие два града.
Забележана беше и Олгица Станковска која е позната во јавноста како лице кое се појавува на сите протести организирани од СДСМ.
Пробивањето на полициски кордон е препознатливо за СДСМ, но овој пат очигледно тие ги користат граѓаните за политиките на СДСМ.
Претседателката на здружението на стечајците од Куманово УНИТ, Лилјана Георгиевска која се смета за блиска до Радмила Шеќеринска и една од присутните на конгресот кога се бираше новиот претседател на СДСМ, во неколку наврати се закани дека се подготвени за сценарија како во Украина, Босна, Црна Гора и Хрватска.
Овие протести очигледно се со цел да се дикредитираат измените во законот кои ги донесе Владата и Собранието на Република Македонија со кој се планира решавање на статусот на над 3000 граѓани кои се вистински стечајци.
Со самиот факт дека се ближат претседателски избори а се поверојатно е дека би се одржале и предвремени парламентарни избори, немајќи како, СДСМ очигледно свесна дека не може да излезе со добри и издржани понуди пред граѓаните се реши на старите тактики и политики кои на минатите избори им донесоа катастрофален пораз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа