Општина Центар со јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“

 

 

Општина Центар информира дека е отворен јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април. Овој настан, велат, ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчери и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници да аплицираат и заеднички да се одбележи овој значаен светски ден.

-Општините со силна уметничка сцена имаат силен идентитет. Уличната уметност е душата на урбаната култура, а ние сме тука да ја поддржиме и славиме. Ги повикувам сите центарци да се пријават на повикот, уметноста има моќ да ги поврзува граѓаните, да поттикнува емоции, да создава заедништво и токму затоа, со овој повик ја отвораме сцената за сите улични уметници, вели Герасимовски.

Јавниот повик е наменет за регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста, со седиште во Општина Центар. Вкупните средства за поддршка изнесуваат 400.000 денари.

Пријавите можат да се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24769, каде што е достапен и образецот за пријавување.

Пријавата со потребната документација се доставува во еден оригинален примерок, пополнета електронски, потпишана и заверена/печатирана од одговорно лице на апликантот, преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, Сектор за јавни дејности/Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот, со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на уметноста“.

27.03.2025 - 09:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега