Петровец и Аеродром утре без струја

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека утре без електрична енергија во определен период ќе останат корисници од општините Петровец и Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од општина Петровец, делот кај центарот, а во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев – подулици бр.20, 22 и 24.

Во општина Аеродром во периодот од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул. Орце Николов лоцирани спроти општина Центар.

17.02.2014 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега