Миодраг води клуб за свингери - донесете си ја девојката и гледајте ја како води љубов со други

 

На балканските простори единственото легално и регистрирано место каде што можете да ја одведете својата сопруга или девојка да проба секс со други мажи и притоа да уживате се наоѓа во селото Велереч на Ибарската магистрала во близина на Горњи Милановац во Србија.

Станува збор за свингерски клуб уредно заведен во сите државни регистри, кој е сместен во двокатна куќа покрај самиот пат. Но, и покрај големата и нападна реклама покрај патот, малкумина се тие кои наминуваат, барем дење, но ноќе, како што вели за Блиц", Миодраг Мај, основач и сопственик на клубот, приказната е сосема поинаква.
-Никој не сака да му го препознаат автомобилот, па паркираат во дворот зад куќата или ги сокриваат регистарските таблички - вели тој.

Овој мештаннин, кој откако се родил во селото и пораснал во Белград, каде што се стекнал со мајсторска диплома за златар, заминал на работа по белиот свет. Бил во Германија, Италија, Франција, Јужна Африка, Венецуела, за одново да се врати во родната грутка.
-Србите заминуваат по белиот свет убедени дека се мајстори за секс и дека се знаат, а кога еден Германец ќе го одведе дома да ја обработи" неговата сопруга, му доаѓа да падне во несвест - вели Мај.

Инаку, во неговиот свингерски клуб дозволено е се што е на доброволна база, но исклучиво со лица од спротивниот пол. Сопственикот на клубот не сака да раскажува за своите доживувања, но навестува дека видел и доживеал се и сешто. Пред четири години во семејната куќа, која зјаела празна, собите на катот и потпокривот ги преуредил во убави љубовни гнезда, додал сауна и џакузи и во една просторија сместил секси-играчки: лисици, маса за масажа и параван со отвори во висина на половината, каде што од едната страна се редат мажи, а од другата страна клекнуваат жени.
-Свингерите практикуваат секс со размена на партнери и се однесуваат раскалашено до одредени граници. Или, пак, се за групен секс. Мојата улога тука е да посредувам и на таквите двојки да им овозможам остварување на нивните сексуални фантазии - појаснува Миодраг за Блиц".

Секако, во клубот дискрецијата е загарантирана, што се подразбира со оглед на тоа дека цената на влезницата е 2.000 српски динари, за што се добива и пијалак во неограничени количини и беспрекорно чисти кревети и бањи.

Сопственикот на клубот изјавува дека јавноста би се изненадила кога би знаела колкумина уживаат во неговиот клуб, и тоа не само Срби, туку прима гости и од Босна, Косово, Црна Гора... Сепак, никогаш немал гости од блискиот град, Горњи Милановац.
Приземјето на клубот личи на обична дневна соба и тука гостите се запознаваат со правилата, а за Денот на вљубените имало голема навалица.

17.02.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега