(ВИДЕО) Борис Џонсон скокна од болка, го касна ној

 


Поранешниот британски премиер Борис Џонсон бил нападнат од ној за време на посетата на засолниште за животни во Тексас.

Неговата сопруга Кери Џонсон објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како ној оди кон автомобилот во кој се Борис Џонсон и син му, а кога се доближи, нојот му ја колвна раката на поранешниот премиер низ отворениот прозорец на автомобилот, објави денеска „Мирор“.

Борис Џонсон скокна од болка по блиската средба со нојот, а инцидентот го насмеа син му.

Кери вели дека го споделила видеото бидејќи било премногу смешно за да не се објави.

08.04.2025 - 23:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега