За нивното пријателство се направени филм и книга - куче се грижи за болно детенце
Седумгодишниот Овен Хокинс од Америка страда од ретко пореметување поради кои неговите мускули се постојано напнати и тешко се движи.
Ова мало момченце сепак има најдобар пријател кој постојано се грижи за него, и ни еден момент не ги трга очите од него. Се работи за куче кое било пронајдено врзано за шини, поради што никој не го сакал. Едната нога му била ампутирана, па затоа и никој не се нафатил да го чува.
Сепак, организација за животни која се обидела да му најде дом на кучето, наишла на малото несреќно момченце кое го земало, па сега се нераздвојни пријатели. Сега Овен не се плаши како порано и повеќе комуницира со луѓе, додека кучето е среќно и има прав пријател.
За нивното пријателство студенти направиле краток филм и книга со наслов Пријатели до крајот на животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа