Знаете ли зошто жените глумат оргазам?!
Според мислењето на сексуалните терапевти има некои жени кои никогаш не доживеале оргазам и истиот го глумат цел живот, но има и онакви кои тоа го прават од време на време.
Реално постојат повеќе причини зошто жените глумат оргазам. Некои од нив сакаат сексуалниот однос побрзо да заврши, а други пак не сакаат да го навредат својот партнер. Во секој случај се поставува прашањето дали глумењето оргазам добар избор, бидејќи кога лажеме некого мора да имаме некоја причина за тоа.
„Искреноста е основата на секоја врска, но многу ретки се паровите кои имаат сила да бидат искрени, па речиси 90 проценти од паровите ги кријат своите вистински чувства кога е сексот во прашање. Мажите, за жал, ретко забележуваат кога нешто не е во ред доколку не им се укаже на тоа јасно и гласно. Мажите најчесто мислат дека се совршени љубовници фокусирани на своето сопствено задоволство.
Сексуалната искреност се учи. Треба да знаете да му кажете на партнерот кога да употреби прсти или јазик. Ваквите работи треба да ги учиме од своите родители, но како кога ни тие самите не знаат многу за својата сексуалност, истакнуваат сексолозите.
Од која и да е причина, на ниту еден маж не му е пријатно да чуе дека неговата партнерка не доживеала оргазам и дека неколку пати го одглумила истиот. Можеби подобра варијанта е да му се сугерира на партнерот да се испроба нешто ново и поинакво, советуваат стручњаците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа