Одбил да оперира пациент бидејќи и онака ќе умрел!
Скандал ја потресе Хрватска. Хирург одбил да оперира пациент, бидејќи според него и онака не му останува многу живот.
Според податоците на хрватските медиуми, на стручниот оддел за ортопедија во Сплит, хирург одбил да оперира пациент кој бил во многу тешка состојба.
- Нема да го оперирам, и онака ќе умре, изјавил хирургот, пренесува Слободна Далмација.
Се работи за пациент кој има 75 години, и има тешко малигно заболување, поради кое во последните денови неговата надколеница можела да пукне. Пациентот требало итно да се оперира за да не дојде до компликации, но хирургот се решил да не го направи тоа бидејќи бил стар и пред смрт.
Шефот на ортопедската служба вели дека случајт детално ќе се истражи, и доколку овие информации се покажат како вистинити, хирургот чиј идентитет не се открива, ќе ја изгуби работата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа