Со помош на хороскопот откријте каква жена е таа

 

Дознајте преку хороскопскиот знак каква жена стои пред вас. Доколку вашата жена е:

Овен -  ,жените во овој знак  флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува.

Бик -Жената во овој знак е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени.

Близнаци - Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност.

Рак -  Жена во овој знак е полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата.

Лав - Овој знак открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата.

Девица - Овие жени се скромни и пристојни и нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе.

Вага - Оваа жена е поим за елеганција  и шарм таа е  секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи.

Скопрпија - Жената  во овој знак е  мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени.

Стрелец - Овфаа жена  дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот.

Јарец - Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со знак јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно.

Водолија - Ориентирани кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон нештата. Два чекори пред сите, жените во знак водолија бараат партнер со либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата. Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов.

Риби - ени кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате. Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го идеализираат партнерот, дури и кога тој драстично се разликува од нивната претстава за вистинска и искрена љубов.

Извор: Попара

15.02.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега