Земјоделците од Гевгелија ќе добијат 4 милиони денари за претрпените штети
Околу четири милиони денари ќе им бидат исплатени на 145 граѓани за претрпените штети на земјоделските посеви од обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија општина Гевгелија во март 2009-та година. Советот на општината денеска донесе одлука за исплата на овие средства.
Сумата претставуава десет отсто од претрпената штета согласно Елаборатот што беше изготвен веднаш по невремето и воедно е последна трета рата од вкупното обесштетување кое беше утврдено од Владата на Република Македонија.
Во јануари 2010-та година беа исплатени 15 отсто или околу шест милиони денари, во август истата година уште пет отсто, односно два милиони денари и сега ќе бидат исплатени последните десет отсто од утврдената штета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа