Во телото на старица пронашле фетус стар 44 години!
Осумдесет и четири годишна старица носела фетус стар 44 години во нејзиниот стомак.
Откако пензионерката била примена во болница поради болки во стомакот и слабост лекарите откриле дека бабата всушност има фетус во стомакот.
Медицинскиот персонал се изненадил кога открил „скаменето бебе“ старо 28 недели во утробата на пензионерката.
Жената била префрлена во државната болница во Порто каде треба да и бидат извршени дополнителни тестови.
Лекарите и рекле дека забременила пред 44 години. Во тоа време поради тоа што немало специјализирани лекари таа отишла кај надрилекар кој и препишал лекови од кои се чувствувала многу подобро. „Нејзиниот стомак не растел повеќе, бебето престанало да се придвижува и мислела дека абортирала“, вели гинекологот Геснер Сарива Кратка.
Жената изјавила дека нема намера да го отстрани фетусот, меѓутоа лекарите се надеваат дека ќе го промени мислењето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа