Иванов: Ако во виното е вистината, нека се пие вино
Во Демир Капија денеска на свечен начин беше закроена винова лоза во чест на верскиот празник Св. Трифун. Закројувањето го извршија претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и демиркапискиот градоначалник Трајче Димитриев.
Претседателот Иванов им посака на лозарите да имаат квалитетен род во лозјата, а од квалитетно грозје потоа да се добие квалитетно вино.
- Македонија е позната меѓу другото и како земја на грозјето и виното. Ако во виното е вистината, нека се пие вино, порача претседателот.
Градоначалникот Димитриев потсети дека на верскиот празник Св. Трифун лозарите празнуваат оти се означува почетокот на новата родна година. Тој изрази задоволство што голем број луѓе дојдоа во Демир Капија за заеднички да се продолжи традицијата.
На свеченоста во центарот на Демир Капија беа доделени наградите од организираните натпревари за најдобро произведено вино и ракија во домашни услови, како и натпреварите во кроење лозови прачки и подготовка на традиционални јадења
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа