Му текнало да пука додека се возел низ град - пукотници го потресоа Берово
Синоќа во 20 часот и 30 минути на раскрсницата од улиците „23-ти Август“ и „Моша Пијаде“ во Берово, беровчанец се решил да си се забавува пукајќи во воздух.
Се работи за беровчанецот Љ.Ч. кој движејќи се со својот автомобил марка „џип“, наеднаш го запрел возилото и од гасен пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
Против Љ.Ч. ќе биде поднесена соодветна пријава.