Кражба во Гевгелија - украдени винкли и штрафови од далековод

 

Како што соопшти гевгелискиот Кориснички енерго-центар по направените редовни контроли од страна на екипи на ЕВН, од четири челични столбови на 110 киловолтниот далекувод Гевгелија-Валандово, над гевгелиското село Мрзенци, биле украдени 50 винкли со должина од по три метри, над 100 шрафови со голем пречник и плочки за заземјување.

Штетата е проценета на околу еден милион денари, а деловите од далекуводот се брзо обезбедени и санирани.

Се бараат сторителите.

11.02.2014 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега