Каква порака им упати Дибиров на „Комитите"?
Најдобриот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров, по инцидентите кои се случија во спортската сала Борис Трајковски, упати порака до навивачката група Комити, за во иднина да не се повторат вакви настани.
-Не, не сум лут на „Комити“, благодарение на нив остваривме важна победа. Тие се значаен дел од нашата екипа, претставуваат наш осми играч и нивната поддршка ни е потребна. Меѓутоа, сакам да упатам порака да не фрлаат со предмети во иднина, затоа што може некого посериозно да повредат, може да настане поголем инцидент, кој ќе биде на штета само на клубот, а тоа никој не го посакува. Ги повикувам веќе оваа недела, на натпреварот со Вакер Тун да дојдат и со коректно навивање, со голема поддршка и нова победа да го прославиме пласманот во топ-16, вели Дибиров за весникот „Македонски Спорт“.
Вардар во недела игра против Вакер Тун од 18 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа